Иако ова лето направи трансфер од Скопје во Влазнија, сепак младиот напаѓач Бујар Хјадари (21) одлучи договоро со клубот од Албанија да го раскине и да потпише едногодишен договор со Воска Спорт. Охриѓани со него добија квалитетно засилување во својот напад.
Инаку Хајдари минатата сезона во ПМФЛ, играјќи за Скопје беше стрелец на 6 голови во елитната лига. Претходно Хајдари играше и за екипите на Шкупи, Работнички…