Против Данска вечерва ни судат арбитри од Романија и Лихтенштајн

94

Романско-лихтенштајнска комбинација на судиските позиции за вечерашниот прв меч на македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство. Дуелот против селекцијата на Данска ќе го суди романскиот интернационалец Каталин Сабо-Алекси како прв судија, додека за втор судија на мечот е делегиран Александeр Шикањиќ од Лихтенштајн.

Македонскиот судија Влатко Ристовски вчера го имаше својот прв меч на ова ЕП судејќи како втор арбитар на мечот меѓу Израел и Грција (3:2) во групата „Д“ во Тел Авив. Ристовски очекува нов меч во наредните денови.

ПретходноСтруга ТЛ пристигна на Исланд, утре ќе се оди по историја! (ФОТО)
СледноБразил подобар од Брегот на Слоновата Коска