Репрезентациите на САД, Србија и Грузија по денешното трето одиграно коло на кошаркарскиот Мундијал, се лидери на своите групи. Трите репрезентации обезбедија победи во третото одиграно коло и одат од следната фаза во најдобра можна позиција.
Грузија ја победи Венецуела со 70:59, во меч во кој доминираше и не дозволи изненадување.
Србија исто така ја одигра својата фавористска улога и обезбеди победа над Јужен Судан, 115:83, додека пак САД сосема очекувано немаше проблеми против Јордан 110:62.