Како што и се очекуваше селекцијата на Словенија со максимални три победи ја заврши групата во првата фаза. Попладнево во меч од 3.коло на СП, Лука Дончиќ и другарите без проблем славеапротов З.Острови со 92:77. Не се претргнаа многу Словенците, посебно Дончиќ кој застана само на 19 поени.
Порторико успеа да ја победи Кина со 107:89 и со тоа се најде во ТОП-16, заедно со Србија во групата – Б. Едноставно Кинезите се покажаа како преслаб противник и на оваа средба.
Сепак Порторико е далеку поквалитетен тим во овој момент. Најважно за нив што одат натаму, во втората рунда во групната фаза.