Експедицијата на нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ пристигна на Исланд, каде утре во 18:45 часот на гости
кај Бреидаблик ќе оди по историја. Ќе оди по пласман во групната фаза. Преку Цирих до Исланд, таков беше долгиот пат до далечниот Исланд каде утре, како што веќе рековме, во Копавогур ќе се одигра најважниот натпревар во историјата на клубот.
Инаку познато е дека стратегот Шпетим Дуро на овој меч не може да смета на суспендираните Марјан Радески и Вангел Згуро, додека сите останати се во ред.
По кусиот одмор од напорниот и долг пат, фудбалерите доцна попладнево ќе го одработат и вообичаениот тренинг а стратегот Дуро ќе има и прес конференција.