Од Монако, Игор Д. Ивановски
Европската фудбалска куќа (УЕФА) почна кампања „Биди судија“ преку која ќе ги инспирира младите луѓе да започнат кариера како фудбалски судии. Кампањата е дел од пошироката програма преку која УЕФА ќе ги поддржува Фудбалските федерации во нивните активности да обучуваат фудбалски судии.
Главни промотери на оваа кампања се елитните фудбалски судии Мајкл Оливер од Англија и Стефани Фрапар од Франција, кои преку видео презентации, видео игри ќе ги презентираат правилата и ќе посочуваат ситуации и елементи на кои треба да обрнат внимание идните судии.