Ѓоковиќ го победи Запата Мираљес и закажа српски дуел на УС Опен

403

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно ја помина и втората препрека на УС Опен. Новак го совлада шпанскиот тенисер Бернабе Запата Мираљес со 6-4, 6-1, 6-1 за околу 120 минути игра.
Во третото коло ќе гледаме српски дуел на УС Опен. Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Ласло Ѓере кој со 6-1, 6-2, 6-3 беше поуспешен од Французинот Гастон.
Изненадување на денот е елиминацијата на Стефанос Циципас по поразот од швајцарскиот тенисер Доминик Штрикер кој е 128 тенисер на светот.

ПретходноСпектакл: Лука Дончиќ повторно ќе игра пред фановите на Реал Мадрид!
СледноЕвроволеј 2023: Данска падна, Македонија направи прв чекор кон осминафинале!