Нашите одбојкари вечерва го почнуваат Европското првенство во Скопје со меч против Данска. Шесте репрезентации кои ќе играат во групата „Ц“ во Скопје веќе пристигнаа во нашиот главен град, а по техничките состаноци вчера познати се комплетните ростери со кои репрезентациите ќе играат во првата фаза од првенството.
Селекторот на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски ги одбра 14-те одбојкари на кои ќе смета за петте силни пресметки во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова е изборот на Миленкоски и нашите репрезентативци кои ќе имаат можност да го почувствуваат Евроволеј 2023 веќе со вечерашниот дуел против Данска.
🇲🇰 МАКЕДОНИЈА – ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ:
1- Дарко Ангеловски (либеро)
2 – Ѓорѓи Ѓорѓиев (техничар)
3 – Тоше Ефремов (примач)
4 – Никола Ѓорѓиев (коректор)
5 – Владо Милев (примач)
7 – Славе Наков (среден блокер)
8 – Александар Љафтов (примач)
9 – Филип Лепидовски (среден блокер)
11 – Филип Деспотовски (техничар)
15 – Филип Маџунков (среден блокер)
16 – Стојан Илиев (примач)
17 – Лука Костиќ (примач)
19 – Костадин Ричлиев (либеро)
20 – Филип Савовски (среден блокер)
селектор: Јошко Миленковски