Натпреварите од ПМФЛ повторно на Арена Спорт и МТВ!

917

Како што информираат од ФФМ, од викендов повторно натпреварите во ПМФЛ ќе можат да се следат на Арена Спорт и на МТВ, како што тоа беше во изминатите неколку години.

Потпишан е нов двегодишен договор. На овие две ТВ ќе можеме да ги следиме сите екипи во ПМФЛ кога ќе бидат домаќини, се разбира изборот на двата натпревари кои ќе се пренесуваат во живо ќе биде право на избор, освен Вардар и Брера Струмица кои пак имаат договор со Спорт Клуб.

Инаку поради стартот на подготовките на нашата репрезентација за квалификациските мечеви со Италија и Малта, натпреварите од 6.коло во ПМФЛ ќе се играат ден порано, во сабота на 02.09.2023 од 16 часот.Се среќаваат Вардар – Македонија ЃП, Гостивар – Силекс, Шкендија – Шкупи, Брера – Работнички, Воска – Брегалница а мечот Струга ТЛ – Тиквеш се игра во понеделник.

Инаку средбите од 4.коло од ВМФЛ, место в сабота како што е вообичаено, ќе се играат во недела на 03.09.20223 од 16 часот.

Се среќаваат Охрид – Вардар (Н), Скопје – Караорман, Арсими – Кожув, Пелистер – Детонит, Беса – Саса, Тетекс – Новаци, Башкими – Беласица, Победа – Осогово.

ПретходноФФМ со поддршка за одбојкарите: Напред Македонија! (ФОТО)
СледноДарко Велковски тренира со Работнички! Дали се “крчка“ враќање по 8 години во Градски парк?! (ФОТО)