Евроволеј 2023: Данска падна, Македонија направи прв чекор кон осминафинале!

464

Македонската одбојкарска репрезентација почна со голема победа на 33. европско првенство во одбојка во Скопје. Падна Данска која беше сметана за еден од нашите главни противканидати за пласман во следната фаза. Момците на Јошко Миленкоски во грч го отворија мечот, но потоа одиграа три фантастични сета и се изборија за посакуваниот успех.


МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 3:1 (22-25, 25-22, 25-19, 25-22)


Првиот сет го почнавме со освојување на првиот поен преку Маџунков и серија поени на двете страни кои донесоа максимална израмнетост, со предност од еден до два поени за нашата селекција (8:6). Данска успеа да се врати со серија од 3:0 и да дојде до водство од 8:9. Иако успеавме да ја задржие резултатската неизвесност, Данска кон средината на сетот повторно се одлепи на плус два (13:15) што беше причина Миленкоски да го побара првиот тајм-аут. Данците продолжија силно и успеаја да дојдат и до плус четири (14:18). Ние не успеавме значително да се приближиме до предноста на гостите, кои успеаја да влезат со два поени предност на првата сет-топка и да го претворат сетот со 22:25 во водство од 0:1. Коректорот на Данска Мадс Јенсен до 9 поени беше нерешлива енигма за нашиот блок во овој прв сет.

Вториот сет повторно почна со многу осцилации во нашата игра, но и Данците правеа грешки на сервисот кој не одржуваа во егал (10:10). Првото водство за нас го донесе Филип Савовски со блок-поен за 11:10.  Жестоката борба продолжи во останатиот дел од сетот, се додека ние не дојдовме во серија од два поени за предност од 19:17. Следуваа неколку сервис грешки на двете страни и во финишот на сетот влеговме со поен предност (21:20). Оттука се беше на наша страна. Врзавметри поени во серија, дојдовме на сет-топка со 24:21. Данците се одбранија во првиот налет, но следуваше втор напад преку Савовски за конечни 25:22 и израмнување на 1:1. Во овој сет проработе Љафтов кој нанижа 6 поени (1 блок и 1 ас), а успеавме и да го запреме нивниот коректор Јенсен кој освои само 4 поени.

Третиот сет го почнавме моќно. Уште на стартот успеавме да ги разбиеме Данците и да дојдеме до предност од 6:2, што го примора гостинскиот селектор да повика тајм-аут. Ние останавме во ритам и со добар сервис ги принудивме гостите на низа грешки (10:5). Со одличен напад и добар прием успеавме да ги задржиме високите пет поени предност и третиот сет да го приведеме со предност од 19:13. Данците направија се да се приближат, искористија и два „челинџи“ (неуспешно), а ние со моќен напад и добар прием дојдовме до освојување на вториот сет со 25:19 за предност од 2:1. Никола Ѓорѓиев реализираше 4 поени, додека Љафтов и Савовски имаа по три. Одличен беше и Филип Деспотовски кој извади два блок-поени и беше вистински мотор во нашата игра во нападот.

Четвртиот сет Данска го почна добро, но ние не им дозволивме да дојдат до предност од повеќе од еден поен, па брзо успеавме да капитализираме неколку добри поени во одбрана за предност од 8:6. Данска се врати во егал и го направи продолжението на сетот неизвесно. Ние не успеавме да ги искористиме неколкуте добри можности за напад преку Ѓорѓиев, па Данците поведоа со 14:15, по што Миленковски мораше да бара 30 секунди одмор. Иако влеговме во серија, Данска повторно дојде до плус два за 17:19, па Миленкоски го искористи и вториот тајм-аут. На сервис на Деспотовски успеваме да дојдеме до ново реми за 21:21, по што публиката се крена на нозе. Ние искористивме два напади и поведовме со 23:22, по што Кнудсен повика на тајм-аут. Со голема поддршка од публиката успеавме да ги освоиме и следните два поени за 25:22 и конечни 3:1.

ПретходноЃоковиќ го победи Запата Мираљес и закажа српски дуел на УС Опен
СледноЃоргиев: Ти благодарам Македонијо! Честитки до момците, имавме голем притисок!