Македонскиот шампион Струга Трим Лум вечерва го одработи и тренингот во Копавогур, местото каде што утре ќе го одигра реваншот од плеј-офот во Лигата на конференции против двојниот исландски првак Бредаблик.
Четата на Шпетим Дуро го почувствува теренот и климата на Исланд, а утре со почеток од 18:45 часот ќе мора да се потрудат да ја надополнат негативата од еден гол од првиот меч (0:1). Стружани имаа многу шанси да направат подобар резултат, но Исланѓаните го добија мечот. Ќе видиме дали нашиот првак ќе може да возврати.
Дома Фудбал Европски купови Македонскиот шампион го „почувствува“ теренот во Копавогур (ФОТОГАЛЕРИЈА)