Првите двајца луѓе на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ, Александар Боричиќ и генералниот секретар Ренато Арена вечерва пристигнаа во Скопје на отворењето на натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство чиј домаќин е Македонија.
Боричиќ и Арена самите изразиле желба на ова Европско првенство да бидат присутни во Македонија и да го проследат првиот меч на Македонија на шампионатот. Одбојкарската федерација на Македонија ја доби довербата на ЦЕВ за организација на првенството, па сега останува да се покажеме во вистинско светло.