Капитенот на кошаркарската репрезентација на Летонија, Дaирис Бертанс го заврши настапот на овогодинешниот Мундобаскет. Ова е многу лоша вест за Летонија, која во втората фаза отиде со две победи и еден пораз, откако ја напушти групата на смртта, во која беа уште и Канада, Франција и Либан.
По рутинската победа над Либан, Летонија ја шокираше Франција и ја исфрли од Мундобаскетот. Тие во последното коло беа убедливо поразени од Канада со резултат 101:75, но се пласираа во следната фаза со две победи и пораз.
Сепак, лошите вести стигнаа откако Бертанс ја скина тетивата меѓу коленото и бутот и ќе биде надвор од теренот подолго време. Првичните информации велат дека тој ќе мора да мирува најмалку пет недели, што автоматски значи крај на неговите настапи на Мундобаскетот.