Љафтов: Не одлучија бројките туку душата, срцето, химната, навивачите…

271

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов изјави дека срцето и душата одлучиле во победата над Данска на првиот меч на Европското одбојкарско првенство што се одигра во Скопје. Македонија губеше со 0-1, на крајот победи со 3-1.
Мечот го реши душата, го реши публиката и желбата што ја имаме. Ќе анализираме од утре, гледавме пет видеа, толку видеа не сум изгледал во мојата кариера. На крајот за победата не одлучуваа бројките и статистиката, одлучија душата, срцето, Македонија, химната, солзите во очите, сето тоа одлучи за оваа победа“, изјави Љафтов.
Следниот противник е Црна Гора…
Нека биде како денеска. Не смееме да одиграме лошо. Сега да се спуштиме на земја, да си смириме емоциите затоа што во сабота не чека уште еден тежок натпревар“, додаде Љафтов.

ПретходноЃоргиев: Ти благодарам Македонијо! Честитки до момците, имавме голем притисок!
СледноМиленковски: Беше тежок меч, на моменти и јас треперев! Не смее да не фати еуфорија!