Нашиот глас и оваа година за најдобриот: Халанд е играч на сезоната според УЕФА

104

Ерлинг Халанд е годинешниот добитник на признанието за најдобар фудбалер на УЕФА за сезоната 2022/23 во изборот и гласањето на новинарите, меѓу кои и редакцијата на „СпортСпорт“.

23-годишниот напаѓач на Манчестер Сити ја доби наградатна свеченоста вечерва во Монако по ждрепката од групната фаза во Лигата на шампионите.

Играчите од средниот ред Кевин де Бруине (Манчестер Сити) и Лионел Меси (ПСЖ)беа негови противканидати за ова признание. Халанд минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Сити постигнувајќи 12 гола со што стана најдобар стрелец на турнирот.

Новинарот на „СпортСпорт“, Игор Д. Ивановски кој е присутен на настанот во Монако, заедно со нашата редакција 5 поени даде за Халанд, 3 за Меси и 1 поен за Де Бруине. 

ПретходноПеп Гвардиола е прогласен за тренер на годината според УЕФА
СледноПолувреме: Струга ТЛ има негатива на Исланд!