Пораз и на Исланд: Групната фаза во ЛК остана само сон за Струга ТЛ!

588

 

Струга ТЛ е елиминирана од Европа. Пласманот во групната фаза во ЛК остана само сон за нашиот шампион, кој имаше успешен настап, историски, стигна до плеј – офот во ЛК, но пречката наречена Бреидаблик сепак беше превисока.

Вечерва во реваншот на Исланд, Бреидаблик славеше со 1:0,па така со вкупни 2:0 успеа да ја елиминира Струга ТЛ и со тоа да се пласира во групите во Лигата на Конференции.

Ова значи дека Вардар е нашата единствена екипа која успеала да се пласира и да игра во групната фаза во едно европско натпреварување.

А почна лошо, многу лошо за Струга ТЛ. Имено се играше 3.минута кога одбраната на стружани капитулираше. В.К. Еинарсон убаво се снајде пред голот на Ќосевски и успеа да го матира за водство од 1:0, или за севкупно 2:0 ако се знае дека и на првиот меч тимот на Бреидаблик успеа во Охрид да слави тогаш со 0:1.

Секако дека ова рано водство делуваше шокантно за момците на стратегот Шпетим Дуро кои во подоцнежната фаза од првото полувреме се обидуваа да дојдат до здив што се вели, но тешко одеше. Исланѓаните во 31.минута преку стрелецот на голот на В.К.Еинарсон, но сега Ќосевски одбрани. Исто домашните имаа шанса и во 39.минута, но сега Сванторасон шутираше за малку над голот на Струга ТЛ.

Па така со тој резултат од 1:0 се замина на пауза.

СТРУЖАНИ СЕ ОБИДУВААТ ДА НАПАДНАТ

Струга ТЛ свесна дека веќе нема што чека, се обиде да нападна, се комбинираше на средината од теренот, но никако не се успеваше да се дојде до шанса пред домашниот гол.Напротив Бреидаблик и во оваа фаза од мечот беше опасен,многу опасен како Лувдиксон во 55.минута. Конечно во 58.минута на додавање на Шабани, Ибраими можеше да погоди. Неколку секунди подоцна и Радиќ беше во шанса, но гол немаше. Дефанзивецот на Струга ТЛ сакаше со глава да го совлада домашниот голман од само неколку метри,но таа топка беше исфрлена во поле. За малку.

Во финишот Струга ТЛ “притисна“ уште повеќе, се бараше гол, но Ибраими,Мазрекај и Шабани не го најдоа патот до мрежата на домашните.

Плеј-оф во ЛК (реванш)

БРЕИДАБЛИК – СТРУГА ТЛ 1:0 (1:0)

Стадион во Копавогур на Исланд. Судија: Даниел Шлагер (ГЕР). Стрелци: В. К. Еинарсон 3. (БРЕ). Ж.Картони: Лудвикасон, Гуанлугсон (БРЕ), Радиќ,Малиќи, Касами (СТР).

БРЕИДАБЛИК:  Еинарсон, Гунлаугсон, Муминовиќ, Маргеирсон, Јеоман, Лудвикасон(75.Ингварсон), Сигурјонсон, Енарсон, Сванторасон, К.Олсен (75.Кристијансон), Ејуфасон.

 

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири (58.Касами), Радиќ,Кривањева, Малиќи, Бојку, Георгиевски (46.Таири), Шабани, Укпа (77, Јахја), Мазрекај,Ибраими

ПретходноЖенската селекција на Македонија до 17 години на тренинг камп во Кичево
СледноИ Алекс тренира со Работнички во очекување на нов трансфер! (ФОТО)