Од Монако, Игор Д. Ивановски
Непосредно пред почетокот на ждрепката за ЛШ, во Монако денеска претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини имаше средба со првиот човек на ФСС, Драган Џајиќ. Се разбира дека се разменија мислења и ставови околу работата на двете федерации, а Сејдини му посака успешна работа на Џајиќ кој од пред неколку месеци стапи на функцијата претседател на Фудбалскит сојуз на Србија.
Тука беше и Владимир Гашевски, членот на УО на ФФМ,кој е во комисиите на УЕФА.