Денеска на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, втор пријателски натпревар одиграа младите селекции на Македонија и Турција за играчи до 16 години.
По поразот на првиот меч пред неколку дена од 2:1, нашата селекција денеска одигра 1:1 против истиот ривал. Овие две контроли се добра проверка на силите на оваа генерација млади фудбалски надежи на Македонија.