Барем така тврди трансфер гуруто, Фабрицио Романо, човек што речиси и да не погрешил во информациите. Ансу Фати не е прва опција за Чави, и со тоа како млад играч секако дека треба да оди негде и да има минутажа. Излезе на крајот дека тоа ќе биде ни помалку ни повеќе туку Брајтон. Премиерлигашот се обврзува да ги исплаќа примањата на Фати, кои не се мали, а на Барселона со оглед на фактот што овој клуб е во финансиска криза, тоа и тоа како му се исплати.
Крилниот напаѓач ќе пристигне во „Галебите“ на позајмица до крајот на сезоната, но договорот меѓу двата тима не вклучува опција за негово откупување. Се очекува Фати денеска да отпатува за Брајтон , каде ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе го потпише договорот.
Ansu Fati to Brighton, here we go! Deal in place between #BHAFC and Barça as revealed earlier, verbal agreeement now done 🚨🔵✨
◉ NO buy option clause.
◉ Loan deal until June 2024.
◉ Main part of salary covered.Travel booked on Thursday, Brighton want it signed ASAP. ⭐️ pic.twitter.com/1yHKYArJ9I
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 30, 2023