Како што беше и објавено пред повеќе од еден месец, два меча од 1.коло во квалификациите во Лигата на Конференции, беа сомнителни поради наводно местење, односно имало голема уплата во обложувалниците. Овој скандал први го обелоденија новинари од Полска.
Еден од тие мечеви е и оној на Македонија ЃП на гостувањето кај РФС кој заврши со победа на тимот од Рига со 4:1.
Па така вчера „Атлетик“ објави дена УЕФА покренала истрага за двата меча поради наводно местење.
Сега останува да се види како ќе се одвиваат настаните со оваа истрага.