Еве како изгледа теренот на Арената „Тодор Проески“ пред мечот со Италија (ФОТО)

11679

Македонската фудбалска репрезентација ја чека нов предизвик во евро-квалификациите. Предводникот на „црвено-жолтите“ Благоја Милевски го објави списокот за дуелот против фаворитот кој се игра на 9. септември на Националната Арена „Тодор Проески“.

Добро е познато дека пред извесно време теренот беше во катастрофална состојба. На девет дена пред стартот на мечот, тој веќе има поинаков лик, од фотографиите кои ги направивме можевме да видиме дека полека доаѓа во задоволително ниво.

Поради заштита на истиот, Македонија и Италија нема да одржат ниту еден тренинг пред меѓусебната пресметка.

Инаку од вчера и официјално започна продажбата на билетите, истите можат да се купат под цена од 300 и 500 денари.

ПретходноДеспотовски: Данска ја победивме сите заедно, против Црна Гора се од почеток!
СледноПопладне е ждрепката за ЛШ: Комплетирани се барабаните, можна е спектакуларна група!