Вториот ривал на македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство во Скопје, селекцијата на Црна Гора со очекуван убедлив пораз од 0:3 (19-25, 18-25, 22-25) го започна својот настап во рамките на групата „Ц“ во СЦ „Борис Трајковски“. Во првиот меч од денешната програма, Холанѓаните го потврдија епитетот фаворити и на крајот лесно дојдоа до првите три бода, не дозвоувајќи им на Црногорците да се понадеваат макар на сет.
Интересно е што Црна Гора одлично ги отвори сите три сета, но финишот им припадна на „лалињата“. Марко Бојиќ со 13 поени беше најзабележителен реализатор кај нашиот втор ривал на ова ЕП, а солидна партија имаа и Чачиќ и Јововиќ со по 10 поени. Кај селекцијата на Холандија, Абдел-Азиз со 14 и Плак со 12 поени беа најдобри поентери.