Ливерпул, по се изгледа, има ново засилување. Како што јавија повеќе извори, меѓу кои и инсајдерот Романо, „црвените“ се договориле со Баерн Минхен за потписот играчот од средниот ред Рајан Гравенберх.
„Црвените“ беа во потрага по нов играч во средниот ред, откако дозволија Џејмс Милнер, Џордан Хендерсон, Алекс Окслејд-Чембрлен и Фабињо да си заминат ова лето.
„Атлетик“ објави дека Ливерпул се согласил да му плати на Баерн 34 милиони фунти за Холанѓанецот, а дополнителни 4 милиони ќе бидат во форма на бонуси. Поранешниот играч на Ајакс ќе потпише долгорочен договор на „Енфилд“.
21-годишниот фудбалер вечерва е на пат за Ливерпул, а утре ќе ги помине медицинските прегледи.