Македонската нација доби нова доза на уникатна среќа која можат само да ја „сервираат“ нашите спортисти. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ и официјално почна Европското првенство во одбојка во Скопје, а Македонија запиша победа на првиот меч.
Падна Данска, ден од противниците на списокот на Јошко Миленковски и неговите момци за пласман во осминафинале. Македонија оваа средба ја доби со 3-1 и ја дигна на нозе цела македонска јавност.
Социјалните мрежи се „преплавени“ со честитки и фотографии од одбојкарите. Сегашни и поранешни спортисти, федерации испратија порака до одбојкарите и целиот стручен тим.
Се огласи ракометната федерација, кошаркарската, македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, поранешниот репрезентативец, Борко Ристовски и ред други..