Како што денеска објавија од страна на Ракометната федерација на Македонија, натпреварот од Супер Купот на Македонија меѓу Е.Пелистер како шампион и Вардар, како победник во Купот, ќе се игра во Струмица и тоа на 6 септември (среда). Овој меч ќе се игра во салата “Парк“ со почеток од 18 часот.
Секако дека, како што известуваат од РФМ, овој натпревар ќе биде пренесуван од страна на МРТВ.