Данскиот ГОГ продолжи таму каде што застана на крајот од минатата сезона. Актуелниот шампион го освои првиот трофеј во новиот Суперкуп, победувајќи го големиот ривал Алборг со 34:32, во уште една пресметка што го доби префиксот на едно од најголемите ракометни дербија во Европа во моментов.
Ниту Никлас Ландин, ниту Микел Хансен не беа доволни за Алборг да почне да доминира со домашниот тим. Ландин имаше 25% од обраните, додека Хансен по кам-бекот на терените запиша шест погодоци.
На другата страна Александер Блонц имаше десет гола, додека Менсинг седум.
ФОТО: ГОГ