Заврши првото полувреме од реванш мечот од плеј-офот во ЛК меѓу Бреидаблик и Струга ТЛ,кој се игра на Исланд.Резултатот е 1:0 за домашниот состав и тоа со голот на В.К.Еинарсон уште во 3.минута. Тој ја искористи својата шанса, одбраната на стружани не успеа да го “парира“ и овој ја затресе мрежата на Ќосевски.
Истиот играч во 31.минута имаше зицер, но сега голманот на стружани одбрани.Бреидаблик имаше шансаи во 39.минута преку Сванторасон, топката отиде за малку над голот.
Струга е во проблеми, во оваа од мечот не успеа да се снајде и покрај желбата, сега и треба два гола ако се знае дека сега Бреидаблик има вкупно водство од 2:0.