Проблеми во У21 пред мечевите со Шведска и Холандија: Откажа Филип Трпчевски

520

Македонската репрезетација до 21. годија  ја очекуваат два меча во септември како старт на следниот квалификациски циклус. Против Шведска на гости односно против Холандија на домашен терен.

Вчера селекторот Драган Канатларовски го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие два меча но, веќе денеска се појави првиот проблем.

Филип Трпчевски, нашиот напаѓач кој настапува за Хакен во Шведска ќе мора да ги пропушти овие два дуели поради повреда на коленото.

Се работи за истегнување на менискусот, незгоден момент, особено ако се знае дека Трпчевски успешно се опорави летово од операцијата на лигаментите.

Спортспорт дознава дека селекторот Канатларовски ќе чека да мине ова последно викенд коло кое следува па да евентуално повика нов играч на местото на Трпчевски.

 

ПретходноФилип Дурански е седмото засилување за Вардар
СледноРистовски, Миовски, Манев по потврда на групна фаза