Трансфер бомба во 5 до 12: Арапите за Салах ќе понудат неверојатни 175 милиони евра?!

728

На нешто повеќе од 24 часа до крајот на преодниот рок во Европа, англиските медиуми најавуваат можна детонација на вистинска трансфер бомба. Во текот на утрешниот ден, според најавата на повеќе извори, арапски Ал Итихад ќе испрати неверојатна понуда тешка 175 милиони евра за првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.

Не е тајна дека арапите веќе неколку недели наназад го искушуваат Салах со најави за трансфер со милионска позадија, но од Ливерпул досега ги негираа сите гласини. Преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 20 септември, но суштински, Ал Итихад само уште денеска и утре има шанси да го купи Салах, бидејќи Ливерпул нема да дозволи Салах да си замине без да може да донесе замена за него. Понудата кој аќе биде на маса е најголема во историјата на лигата и може да ги поттикне американските сопственици на клубот да дадат „зелено светло“ и покрај противењето на Клоп.

ПретходноБорусија (Д) купи германски репрезентативец од Вердер
СледноМиовски погоди за Абердин од пенал, но не успеа да го спаси од пораз (ВИДЕО)