И покрај поразот од Бреидаблик на првиот меч во Охрид, кога беше 0:1, ништо уште не е е загубено за Струга ТЛ и пласманот во групната фаза во Лигата на Конференции. Да, вечерва се игра на Исланд, но Струга ТЛ покажа ова лето дека знае и тоа како добро да игра на гости во Европа.
Инаку стружани ги делат 90.минути од историја, од чалам дека се само втор наш клуб, после Вардар,кој успеал да се пласира во групна фаза на едно европско клупско натпреварување, но ги делат и од многу пари за наши услови. Ако Струга ТЛ успее вечерва да слави на Исланд и тоа како ќе ја наполни клупската каса. Познато е дека само за пласман во групната фаза во ЛК се добива најмалку 2,9 милиони евра.
И засега не е лошо. Струга ТЛ засега, со настапот во квалификациите во ЛШ и пласманот во плеј – офот во ЛК,успеа да заработи околу 2 милиони евра, но ете, нели, и чаламот е голем, не се само парите.