Филип Дурански е седмото засилување за Вардар

555

Екипата на Вардар го потпиша и седмото засилување во летниот преоден рок. Станува збор за 32 годишниот играч од средниот ред Филип Дурански.

Минатата сезона настапуваше за екипата на Скопје а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Работнички, Силекс и Турново во Македонија каде има забележано близу 200 настапи во првата македонска лига.

Што се однесува до интернационално искуство тој има играно во: Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) Егнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).

ПретходноПопладне е ждрепката за ЛШ: Комплетирани се барабаните, можна е спектакуларна група!
СледноПроблеми во У21 пред мечевите со Шведска и Холандија: Откажа Филип Трпчевски