Ерлинг Халанд го повтори достигнувањето на Кристијано Роналдо со освојување на наградата за најдобар играч за минатата сезона според УЕФА. Напаѓачот на Манчестер Сити е прогласен за играч на годината од УЕФА откако претходно ги доби и наградите од Здружението на фудбалски новинари на Англија и Здружението на професионални фудбалери.
Халанд денеска освои 352 гласа во изборот на УЕФА за кој гласаше и „СпортСпорт“, додека второпласираниот Меси имаше 227 поени, одека Де Бруине остана трет со 225 гласа.
Инаку, последен играч кој ги освоил сите три награди во една година е Кристијано Роналдо во 2008 година. Истата година за прв пат ја освои Златната топка.