Англискиот премиерлигаш Астон Вила ги засили своите редови со централниот бек Клемен Ленгле од Барселона. Французинот го напушта „Ноу Камп“ и му се приклучува на клубот од Бирмингем како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, без опција за откуп на договорот.
Ленгле минатата сезона ја помина во Тотенхем исто така на позајмица и одигра 26 натпревари во Премиер лигата. Инаку во Барселона дојде во 2018 година од Севиља за 35 милиони евра.