Деспотовски: Данска ја победивме сите заедно, против Црна Гора се од почеток!

277

Македонската одбојкарска репрезентација тргна со голема победа над Данска во групата „Ц“ на Европското првенство во Скопје. Првата цел е исполнета, но сега останува клучниот меч в сабота со Црна Гора кој може да ни донесе учество во втора фаза на Европскиот шампионат.

Еден од најискусните и најдобрите на дуелот со Данците, техничарот Филип Деспотовски, со свој коментар за премиерата на Македонија на ова ЕП.

„Мечот со Данска го добивме сите заедно. Мислам дека имавме одлична тактика, нешто што ни недостасуваше пред две години во таа Европска Сребрена лига кога игравме финале против нив и загубивме. Одигравме одличен меч, особено нашите центри, се приклучија и коректорот и примачите кога најмогу требаше и извојувавме победа“, вели нашиот техничар.

Тој е убеден дека против Црна Гора не чека уште еден сериозен предизвик.

„Мислам дена Црна Гора е условно полесен ривал, затоа што не играат толку брза одбојка. Но, на Европско првенство нема лесни натпревари и така треба да се однесуваме на секој меч. Мора се од почеток, ако сакаме уште една победа“, заклучи првиот техничар на нашата репрезентација, Филип Деспотовски.

Мечот Македонија – Црна Гора ќе се одигра в сабота од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноСтружани имаат 90.минути да испишат историја и да заработат плус 2,9 милиони евра!
СледноЕве како изгледа теренот на Арената „Тодор Проески“ пред мечот со Италија (ФОТО)