Струга ТЛ вечерва од 18:45 часот на Исланд му гостува на Бредиаблик,во реванш меч од плеј – офот во Лигата на Конференции. И покрај поразот во Охрид, иако во добра игра на нашиот шампион, сите во таборот на Струга ТЛ се уверени дека може да се победи Бреидаблик на негов терен.
Секако дека ќе биде тешко, но шансата за историски пласман е тука и вреди да се даде максимумот да се дојде до групната фаза.
Тоа го мисли и Меџит Незири,искусниот дефанзивец на Струга ТЛ кој за “Спортспорт“ за вечерашниот меч истакнува:
“И покрај тие 0:1 од Охрид мислам дека се е отворено. Имаме уште 90.минути да дадеме се од себе и да се обидеме да го победиме Бреидаблик. На првиот меч видовме дека можеме да се носиме со нив,така да се е отворено. Мора да одиграме паметно, се разбира потребно е максимално залагање и со малку среќа можеме да дојдеме до резултат кој нас ќе ни одговара. Имаме шанса да го оствариме сонот, ќе биде тешко, но Струга ТЛ може до групна фаза“ изјави Незири.