Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и натаму продолжи со својата голгетерска серија во дресот на Абердин. Вечерва на реванш мечот од баражите за пласман во групната фаза на Лигата на Европа, Миовски погоди од белата точка за својот тим, за да намали на 1:2 во дуелот со шведски Хакен.
Швеѓаните дојдоа со 2:2 од првиот меч на домашен терен, но вечерва како гости славеа во Шкотска со 1:3 и се пласираа во групната фаза од второто по ранг европско натпреварување. Миовски и Абердин ќе играат во групите од Конференциската лига.
Goal! | Bojan Miovski | Aberdeen 1-2 BK Häckenpic.twitter.com/jTK1TgDYMz
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 31, 2023