Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер на годината во изборот на УЕФА.
Покрај Гвардиола, кандидати за наградата беа и екс-тренерот на Наполи, Лучијано Спалети и Симоне Инзаги, предводникот на финалистот во ЛШ минатата сезона, Интер.
Минатата сезона Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите за првпат во својата историја.
Во гласањето на УЕФА учествуваше и новинарот на „СпортСпорт“, Игор Д. Ивановски, кој даде 5 поени токму за Гвардиола.