На нешто повеќе од 24 часа до крајот на преодниот рок во Европа, англиските медиуми најавуваат можна детонација на вистинска трансфер бомба. Во текот на утрешниот ден, според најавата на повеќе извори, арапски Ал Итихад ќе испрати неверојатна понуда тешка 175 милиони евра за првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.
Не е тајна дека арапите веќе неколку недели наназад го искушуваат Салах со најави за трансфер со милионска позадија, но од Ливерпул досега ги негираа сите гласини. Преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 20 септември, но суштински, Ал Итихад само уште денеска и утре има шанси да го купи Салах, бидејќи Ливерпул нема да дозволи Салах да си замине без да може да донесе замена за него. Понудата кој аќе биде на маса е најголема во историјата на лигата и може да ги поттикне американските сопственици на клубот да дадат „зелено светло“ и покрај противењето на Клоп.