Сензационалната елиминација му го отвори патот на Новак до финале на УС Опен

2366

Веќе во второто коло на УС Опен се случи нова сензација, елиминирани се Каспер Руд и Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер шокантно беше поразен од 128 тенисер на АТП листата Диминик Штрикер после четири сата борба (7-5, 6-7, 6-7, 7-6, 6-3) во која три сета влегоа тај-брејк. Два ги доби грчкиот тенисер, на тој начин направи пресврт, но Швајцарецот врати на ист начин во петтиот сет го докрајчи противникот.

Следеше нова сензација, Каспер Руд, финалистот од УС Опен беше поразен од Кинезот Жанг кој е 67. Во светот. Тој го исфрли Руд откако го совлада со 6:4, 6:2, 0:6 и 6:2. На овој начин кинескиот тенисер успеа да го елиминиран еден од главните фаворити на УС Опен.

Но, не е само тоа…

Оваа сензација беше добредојдена за Новак Ѓоковиќ кој лесно го мина и второто коло на УС Опен. Српскиот тенисер го совлада Запата Мирањес 6-4, 6-4 и 6-1. По елиминацијата на Руд, патот на новак кон финалето е расчистен.

ПретходноАстон Вила ангажираше бек на Барселона
СледноМакедонија им се поклони на одбојкарите: Браво момци, ова е само почеток (ФОТО)