Иако тој и повеќе од еден месец е дел од тимот на Брегалница, дури денеска штипјани го потврдија потписот на Зак Кочанковски. МАкедонецот кој пристигнува од Австралија подолг период е на тренинг во Брегалница, а стручниот штаб реши да го задржи.
20-годшниот Кочанковски ќе биде освежување за средниот ред од составот на Горан Здравков.
Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.