РФМ ги исплати премиите на сениорската и кадетската репрезентација

114

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство 2024 година во Германија, како и наградата во износ од 1.000.000,00 денари за кадетската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на Светското првенство.

Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на ЕУРО 2024 освојувајќи го второто место во групата покрај репрезентациите на Португалија, Луксембург и Турција и го задржа континуитетот за настап на завршниот континентален турнир по 8-ми пат.

Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на 2023 Светското првенство, веќе следната година ги очекува учество на ЕХФ ЕУРО У20.

ПретходноЈезива сцена од УС Опен: Познат тенисер се превртуваше од болки, лекарите дојдоа доцна (ВИДЕО)
СледноЕХФ парично ја казни Кристина Неагу