Екипата на ТФТ Скопје објави дека се засилиле со 31-годишниот бек-шутер Горјан Марковски. Тој доаѓа по две сезони во Работнички каде што беше и капитен. Претходно Марковски играше за Торус, Фени Индустри, МЗТ Скопје и Куманово.
ТФТ пред него донесе четворица американски кошаркари: Дејвид Хотон, Двејн Морган, Треј Верц и Џелани Симонс.
View this post on Instagram