Заврши преодниот рок во Италија, во последните мигови од летниот пазар беа реализирани неколку интересни трансфери. Милан го ангажираше Лука Јовиќ, српскиот фудбалер кој не се снајде во Реал Мадрид и минатата сезона ја помина во Фиорентина.
Јовиќ не играше за Фиорентина во пред сезоната, а не беше во план на тренерот Винченцо Италијано по една сезона во која постигна 13 голови и пет асистенции во 50 натпревари.
Со ангажманот на Јовиќ на Милан им пропаднаа трансферите на напаѓачите Медхи Тареми од Порто и Патсон Дака од Лестер. Па така „росонерите“ се утешија со Јовиќ.
Торино ги засили своите редови со корпулентниот напаѓач Дуван Запата кој дојде од Аталанта. Се работи за позајмица со опција за откуп на договорот.
Болоња не успеа да ангажира напаѓач, им припаднаа можностите да ги ангажираат Јенс Одгард од АЗ и Луис Муриел од Аталанта. Па така направи размена со Нотингем Форест со тоа што го донесоа Ремо Фројлер, а го испратија во Англија, Нико Домингез.
Интер се засили со холандскиот играч Дејви Класен. Договорот е на две години. Тој дојде од Ајакс како слободен фудбалер.
Напаѓачот Ирвинг Лозано го напушти шампионскиот тим на Наполи и се врати во Холандија и тоа во ПСВ Ајндховен, клубот за кој играше пред да дојде во Неапол. ПСВ го купи мексиканскиот напаѓач за 12 милиони евра.