Алкараз во третото коло на УС Опен, Медведев загуби сет!

174

Првиот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на УС Опен. Шпанскиот тенисер го совлада Лојд Харис со 3-0 по сетови 6:3, 6:1 и 7:6(4) во меч кој траеше два и пол часа. Алкараз се намачи само во третиот сет, во следната рунда ќе игра против Британецот, Еванс.

„И претходно имам кажано дека имаме одлична битка со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП листата. Знаев дека тој ќе се врати на првото место по ОП на САД, но кога ќе заврши турнирот, моја цел е што е можно побрзо да се вратам на тронот на АТП листата. Постојано работам напорно и до крајот на годината остануваат уште многу турнири во кои ќе се обидам да бидам број 1“, рече Алкараз по овој дуел.


Во третото коло на УС Опен се пласираше и Данил Медведев, кој загуби само сет против Австралијанецот Кристофер О‚Конел со 6:2, 6:2, 6:7(6) и 6:2.

ПретходноСтоилковска и Србљак ги завршија настапите во Куршумлијска Бања
СледноСПОРТУВАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: Бренд амбасадорот на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, Кире Лазаров спортуваше со деца во Гевгелија