Екипата на Астон Вила и официјално го претстави Клемент Ленгле како најново засилување. Дефанзивецот на Барселона пристигнува како позајмен играч на една година, без право на откуп.
Тој веќе има искуство во Премиер лигата откако минатата година одигра позајмица во Тотенхем, каде беше дел од преку триесет мечеви.
„Многу сум возбуден што сум овде. За мене беше важно да одам во тим кој има добар менаџер како Унаи Емери. Играв против Астон Вила минатата сезона со Тотенхем и беше навистина тешко. Ќе се обидам да донесам позитивност, мојата насмевка и напорна работа бидејќи мислам дека можам да му помогнам на тимот во тој поглед“, изјави самиот Ленгле.