Веднаш по потпишување на договорот со Ангелчо Тимовски од Шкупи, македонскиот прволигаш го најави новото засилување, 21. ова лето. Се работи за нигериски интернационалец Ланре Кехинде, напаѓач кој минатата сезона ја поминал во Хапоел од Ноф Хагалил од Израел.
Кехинде играл за многу клубови во кариерата, во Турција за Менемен, Умраније, Денизли, Анкарагучу, Елазигспор, потоа за јужнокорејскиот Инчон јунајтед, за Фуџаира од ОАЕ, Хапоел Акре и Макаби Тел Авив во Израел.
Има 29 години и висок 1,94 метри. Може да игра како централен напаѓач, но и како крилен напаѓач.
THIS IS FOOTBALL. LANRE KEHINDE.#lanrekehinde #incheonutd pic.twitter.com/AdwAzGSUCL
— Min – SEFC🐆 マリノス⚓ (@DduDdaZeon) March 22, 2020