Данците беа близу до бод, но Чешка не дозволи изненадување

135

Одбојкарската репрезентација на Чешка ја оствари првата победа во групата Ц на Европското првенство во Скопје, откако во првиот денешен меч со 3:1 (25-15, 23-25, 29-27, 25-22) беше подобра од Данска.

Данците одиграа два извонредни сета, и беа многу блиску и до сензација, но во третиот сет во кој влегоа со сет-топка, само челинџ реакцијата на чешкиот селектор ги спречи да поведат со 2:1. Откако на 24:23 првично досудениот поен за Данска беше поправен во поен за Чешка, Чесите на разлука се изворија за пресврт и водатво. Првиот и четвртиот сет минаа во знакот на Чешка, додека Данска одигра извонредно во вториот и најголемиот дел од третиот сет.

Овој пораз за Данците остава само теоретски шанси за пласман во втората фаза, додека Чесите по поразот од Полска добија ветер во крила пред последните три меча во групата.

Денеска кај селекцијата на Чешка одлична партија имаа Марек Шотола со 24 реализации и Галабов со 17. Кај Данска големо изненадување беше вториот коректор Нилсен кој мечот го заврши со 26 поени.

ПретходноУжас за Баерн Минхен: На баварскиот гигант му пропаднаа три трансфери во последниот ден од преодниот рок!
СледноЕ.Пелистер со пораз од Веспрем на турнирот во Сакарија!