Борусија Дортмунд го запиша второто реми по ред во третото коло од Бундес лигата. „Милионерите“ не успеаја да го совладаа Бохум минатото коло, а вечерва повторно кикснаа сега против новакот Хајденхајм со тоа што одиграа 2:2 на домашен терен.
Четата на Един Терзиќ имаше водство од 2:0 со головите на Брант и Емре Џан од пенал во првите 15 минути. Предноста ја имаа до 61 минута, а тогаш намали Динкчи, а во 82 минута изедначи Клајнденст од пенал.
Борусија Дортмунд има пет бодови, по победата над Келн во првото коло и потоа ремијата со Бохум и Хајденхајм.
А Хајденхајм го освои првиот бод по воведните два порази.