Ал Итихад едноставно не знае за НЕ. Откако Ливерпул ја одби последната понуда од Ал Итихад која изнесуваше 175 милиони евра, денеска, барем така јавуваат медиумите на Островот, пристигнала нова и веројатно до вечерва до кога трае преодниот рок во Премиерлигата, ќе дојде до трансфер на Мохамед Салах во С. Арабија.
А таа изнесува 200 милиони евра за Ливерпул и дури 600 милиони за самиот фудбалер за договор од четири години. Значи Салах би земал во 150 милиони евра годишно.