Манчестер Јунајтед го потпиша првиот турски играч во својата историја!

273

Манчестер јунајтед за првпат во своите редови донесе турски играч. Станува збор за Алтај Бајиндир, кој ќе ја зацврсти голманската позиција.

25-годишниот фудбалер во изминатите четири сезони беше дел од Фенербахче, кој па ќе земе околу седум милиони евра за трансферот.

„Алтај Бајиндир му се приклучи на Манчестер јунајтед на договор кој истекува во јуни 2027 година, со опција за уште една дополнителна година“, пишува во соопштението на клубот.

ПретходноТолку од Дарио Десниќ во Вардар
СледноБрегалница го потврди Зак Кочанковски